Петтата недела по Педесетница
09.07.2023 Во петтата недела по Педесетница митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше света литургија во соборниот храм Пресвета Богородица -Гостивар.На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во својата беседа митрополитот г.Јосиф меѓу другото нагласи:Црквата Христова е коработ на Спасението.Како што тогаш единствените луѓе кои се спасиле од потопот биле оние во коработ ,така спасението на денешниот човек е можно само во мисловниот кораб-Црквата. Единствено во неа луѓето се преобразуваат, стануваат светли, добиваат образ.Не дека стануваат безгрешни далеку од тоа но, и кога ќе згрешат знаат дека треба да се покаат и да се вратат повторно при Бога. Не треба да го занемариме и тоа дека кај активните членови на Црквата борбата со злото е многу поголема отколку кај оние што се надвор од неа, или недоволно се трудат во добродетелите. Злото од овој свет не се бори со оние кои веќе ги владее, туку со оние што упорно му се спротивставуваат. Св.Јован Златоуст вели:Црквата е болница, а не судница. Таа не ги осудува нашите гревови,туку ги простува. И ќе завршам со зборовите што ги прочитав од еден отец Георги Калчу кој вели:Вие сте во Христовата Црква секогаш кога подигате човек скршен од болка, кога давате милостина на сиромашните, кога посетувате болен. Вие сте во Христовата Црква кога се молите: „Господи, помилуј ме!“ Вие сте во Христовата Црква кога сте добри и трпеливи, кога не се гневите на својот брат, иако тој ги повредил вашите чувства. Вие сте во Христовата Црква кога се молите: „Господи, прости му!“ Кога чесно се трудите во работата и дома се враќате изморени, но насмеани; кога за злото враќате со љубов.Амин.