Покров на Пресвета Богородица
На 14.10.2024 година, денот кога го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица, во Лешочкиот манастир кој за своја заштитничка ја има Пресветата Богородица беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г.Иларион во сослужение на надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г.Јосиф,митрополитот Европски г.Пимен,митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј и епископот Велички г.Никола викарен епископ на Преспанско-пелагониската епархија.На светата литургија верниот народ се причести со светите тајни.Епископот Велички г. Никола одржа пригодна беседа говорејќи за значењето на празникот.На литургијата пееше хорот при храмот св.Лидија Македонска од св.Николе. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот леб.