Понеделник од Првата недела од Великиот пост
07.03.2022 г., во Понеделник од Првата недела од Великиот пост, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф отслужи Големо повечерие со Покајниот канон на свети Андреј Критски, во храмот св.Кирил и Методиј-Маврови Анови.Великиот покаен канон на светиот Андреј, архиепископот Критски, се чита на Големото повечерие во првите четири дена во првата седмица од Постот (во делови), како и на Утрената богослужба во четвртокот во петтата седмица од Постот (целосно).Покајниот Канон, како што е речено во неговиот синаксар, ако се чита и пее со скрушено срце и со големо внимание, е доволен за да ја омекне и да ја поттикне на будност и најтврдокорната душа. Како таков, тој ја претставува божествената сила на спасението. А кога е во комбинација со постот – тој е чудотворен како што е преобразувачката сила на просветувањето и обожувањето.