Понеделник од Првата недела од Великиот пост
27.02.2023 - Понеделник од Првата недела од Великиот пост, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф отслужи Големо повечерие со Покајниот канон на свети Андреј Критски, во Лешочкиот манастир.Великиот покаен канон на светиот Андреј, архиепископот Критски, се чита на Големото повечерие во првите четири дена во првата седмица од Постот (во делови), како и на Утрената богослужба во четвртокот во петтата седмица од Постот (целосно).Покајниот Канон, како што е речено во неговиот синаксар, ако се чита и пее со скрушено срце и со големо внимание, е доволен за да ја омекне и да ја поттикне на будност и најтврдокорната душа. Како таков, тој ја претставува божествената сила на спасението. А кога е во комбинација со постот – тој е чудотворен како што е преобразувачката сила на просветувањето и обожувањето.