Последниот акатист на Пресвета Богородица во овој Велик пост

На 08.04.2022 година, во поладневните часови, во соборниот храм Пресвета Богородица-Гостивар, беше отслужен последниот акатист на Пресвета Богородица во овој Велик пост, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф со свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво.