Празникот на сесветото преселување на Скинијата на Животот
27.08.2022 - Празникот на сесветото преселување на Скинијата на Животот, Мајката Божја, беше свечено и торжествено прославен и оваа година, а централната прослава во нашата епархија беше во храмот Успение на Пресвета Богородица -Лешочки манастир . Празнувањата започнаа во вечерните часови на 27 август, со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на протоереј-ставрофор Мирко Станковски,протоереј Марјанчо Мадевски,протоереј Жарко Мицковски,протоереј Александар Стојановски,ереј Велјанчо Огненовски и ѓакон Илија Деспотовски.