Предавање од областа на христијанската етика

09.11.2024  Во Лешочкиот манастир по благослов и во присуство на надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, предавање одржа проф. д-р Стефан Гоговски од Православниот богословски фалкутет ,,св.Климент Охридски"-Скопје. Во придружба на проф. д-р Илче Мицевски, проф. д-р Стефан Гоговски одржа предавање од областа на христијанската етика, во кое ја истакна важноста на животот како непроценлив дар Божји, преку акцентирањето на зачетокот на животот со посебен осврт на биомедицинските покреативни техники. Во предавањето проф. Гоговски се осврна на употребата на ин витро техниката, систематски образложувајќи ја позицијата на Православната Црква во поглед на нејзината примена во медицината. Во продолжение, благодарение на специфичноста на темата, продолжи со евиденцирање на православниот поглед на смртта, кој е во директна корелација со недоволно акцентираната тема поврзана со евтаназијата како биомедицинска практика која се употребува во пракса кога станува збор за завршетокот на животот. Примената на евтаназијата, реаниматологијата и ин витро техниката на вештачко оплодување покренуваат мноштво прашања од морален, психолошки и социолошки карактер, бидејќи станува збор за медицински гранки кои директно се исправуваат пред човекот и неговиот живот и достоинство, и покрај фактот што според секуларната позиција се насочени кон пружање помош на човекот, но, според Православниот поглед, Гоговски појасни дека нештата се поинакви. 
Предавањето отвори плодотворна дискусија помеѓу присутното свештенство од Тетовско-гостиварската епархија, при што беа допрени повеќе прашања од областа на христијанската етика.