Преображение на Господ Исус Христос
На 19.08.2018 година, Преображение на Господ Исус Христос, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата во манастирот во изградба „Преображение“ – во населбата Циглана, беше извршено благословување на кумските лебови и беше благословен лозовиот плод – грозјето.