Преображение на Господ Исус Христос
На 19.08. 2022 година, на празникот Преображение на Господ Исус Христос, во храмот св.Димитриј-с.Теарце се служеше света архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф,во сослужение на протојереј-ставрофор Мирко Станковски, ереј Илија Сламков, и ѓакон Илија Деспотовски. После завршувањето на Литургијата, Владиката со останатите свештенослужители го благословија новиот лозов плод. Кон верниот народ Владиката се обрати со празнично слово по повод празникот.