Преп. Параскева (Петка) Епиватска

На 27.10.2018 година, кога црквата ја слави Преп. Параскева (Петка) Епиватска, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во храмот „Св. Петка“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот г. Јосиф изврши осветување на вода и ги благослови кумските лебови.