Преподобниот Кирил Лешочки

25.03.2025 Денот на упокојувањето на Преподобниот Кирил Лешочки, кога Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, веќе трета година од неговата канонизација го слави неговиот спомен, во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, во Лешок, беше одбележан споменот на овој новопрославен македонски светител.На литургијата на Претходноосветени дарови чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г.Иларион во сослужение на надлежниот митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.Бројниот верен народ кој дојде за празникот во манастирот, се причести со Светите Дарови.На крајот на богослужбата, митрополитот г.Јосиф ги благослови празничното коливо и славскиот колач.Беседата по повод празникот изговорена од митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф можете да ја прочитате тука...