Првата среда од Великиот пост
На 09.03.2022 година, во Првата среда од Великиот пост, во храмот „св.Кирил и Методиј“-Тетово беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на свештенство од Тетовското намесништво.Митроплитот г.Јосиф во својата беседа рече:Во православието, освен постоењето на двете Свети Литургии (на Свети Јован Златоуст и Свети Василиј Велики), постои и трета света Литургија со еден поспецифичен редослед наречена Литургија на претходноосветените дарови.
Светата Литургија одсекогаш претставувала мотив за духовна радост за нас христијаните, бидејќи причестувајќи се со светите Дарови кои се осветуваат за време на Литургијата, го имаме помеѓу нас самиот Господ Исус Христос, кој соживува во нас и ние во него.
Ме радува браќа и сестри што еве во овој град под Шара-Тетово голем благослов е што толку многу млади луѓе се решиле да го земат на себе и подвигот на тримирот. Тоа е одраз на побожноста и љубовта на нашиот народ кон Бога. Затоа господи милостиви, Те молам, прими ја нивната љубовна жртва и просвети го и сочувај го овој народ што со ревност ти служи и те љуби.