Првиот петок од Великиот Пост

Во првиот петок од Великиот Пост, во црквата „Св.Петка“ -Гостивар беше отслужена Утрена богослужба со великопосни часови и Литургија на претходно осветени дарови. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на свештенство од  Гостиварското архиерејско намесништво.Митрополитот г.Јосиф во својата беседа нагласи:Светата Православна Црква, во средата и петокот од оваа седмица, на своите духовни чеда им ги нуди Светите Дарови, заради преголемата ревност што тие ја покажуваат кон верата и нивната желба да не се одвојат на подолго време од Христа нашиот Бог и Спасител, односно од Неговите Свети Тајни, од Неговите Свето Тело и Неговата Света Крв т.е. Причесната.
Токму затоа, Света Црква, како грижлива мајка има љубов кон верните и не сака да ги лиши од Причесната, особено оние кои тримират и покажуваат голема ревност во Велигденскиот пост.Света Причест, како што рековме е нашето вистинско јадење и пиење од кои примаме живот вечен и затоа требало да се најде начин верните да можат да се причестуваат и за време на тие таговни денови.