Раѓање на Пресвета Богородица - Мала Богородица
На 21. 09. 2022 година на празникот Раѓање на Пресвета Богородица - Мала Богородица, во Лешочкиот манастир, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф , во сослужение на митрополитот Европски г.Пимен, отслужи Света Архиерејска Литургија.Верниот народ се причести со светите тајни.По литургијата беа благословени и прекршени кумските лебови.Митрополитот г. Јосиф се обрати кон верниот народ со пригодна беседа за животот и делото на Нашата Мајка Пресвета Богородица.