Во посета на Лешочкиот манастир
На 10.12.2020 Во Лешочкиот манастир кој е споменик на културата заштитен со закон и во кој се изведуваат заштитно-конзерваторски работи во црквата прес. Богородица од 14 век и стариот конак, надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф ги прими министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски и директорот на КОВРЗГ г. Даријан Сотировски. Во оваа прилика митрополитот се заблагодари на Владата на РМ и ресорното министерство за Култура и на НУ. Национален конзерваторски центар за почетокот од втората фаза од заштитно-конзерваторските работи на овој значаен манастирски комплекс за Полошкиот регион во кој живееле големи преродбеници и дејци како што е Кирил Пејчиновиќ и др.