Прејди на главна содржина

МПЦ - ОА Тетовско - гостиварска епархија

Рождество на Господ Исус Христос - Божик

Зоран Богоевски 07.01.2025

На 07.01.2025 година, на празникот Рождество на Господ Исус Христос - Божик, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот ги благослови кумските лебови. По завршувањето на литургијата, беше прочитано
Божиќното послание на Архиепископот Охридски и
Македонски г. г. Стефан. ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ!