Се обновува конакот на Лешочкиот манастир
Започнаа да се прават заштитно-конзерваторските работи за ревитализација на стариот конак и црквата Пресвета Богородица од 14 век кои се во рамки на манастискиот комплекс Свети Атанасиј во тетовски Лешок. Во првата фаза од ревитализацијата на конакот се работи на отстранување на стариот и дотраен градежен материјал, а во втората фаза доградба со нови материјали. Денеска увид во работите извршија Митрополитот тетовско гостиварски г. Јосиф заедно со директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски. -Лешочкиот манастир има огромно безвременско значење за православното македонско население во Полог и пошироко. Поради тоа изминатите месеци беше во фокусот на нашите напори после децении да започнат посериозни заштитни работи врз ова културно наследство. Инстутуционалната поддршка за подигање на овој духовен центар ќе продолжи и во 2020 година. По завршувањето на отпочнатата фаза ќе следи фаза на темелно конструктивно зајакнување на стариот конак, а на црквата Пресвета Богородица е поставен заштитен времен кров, а ќе се продолжи во следната фаза со решавање на влагата и санација на кровната конструкција и ѕидовите. Комисијата за односи со верските заедници е задоволна од кооперативноста меѓу институциите и МПЦ-ОА, изјави Сотировски. Во црквата Пресвета Богородица во иднина ќе се работи и на реставрација на фрескоживописот. Работите се изведуваат во рамки на на реализација на годишната програма на Националниот Конзерваторски Центар. А.С"