СИНОДСКО СОЧУВСТВО ПО ПОВОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

 Нажалени родители, браќа и сестри, роднини и призатели - нажалена Македонијо.

  Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија со исклучителна тага и жал ja прими злокобната вест за огромната трагедија во Кочани, во која животот го загубија голем број на наши млади чеда, а уште многумина се борат за живот.

   Но, и во овие мигови на непоимлива скрб, да не заборавиме дека Бог е Бог на живите и дека во Него нема мртви. Оттаму, иако е невозможно да се најдат човечки зборови за утеха, сепак, утеха на семејствата и блиските, но и на сите нам, нека ни биде верата дека споменот на праведниците е вечен и дека тие вечно ке постојат во Вечноживиот Бог.

  Се молиме Троединиот Бог - Богот на љубовта, да ги прими душите на невино постраданите Свои чеда во Едемската градина, а на нивните најмили да им даде утеха и сили, испраќјќи им ja Својата небесна закрила.

   На повредените, пак, Бог - Лекарот на сѐ, да им дарува брзо закрепнуванье и исцеление.

Претседател на Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија 

С Т Е Ф А Н