Соборот на сите Македонски Светии
На 02.10.2022 година, во првата недела од месец Октомври, кога нашата помесна црква го празнува Соборот на сите Македонски Светии, во соборниот храм Пресвета Богородица-Гостивар, беше отслужена Света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше неговото вископреосвештенство митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф.Во пригодната беседа пред верниците, митрополитот г.Јосиф потсети дека иако сите светители имаат свои празници, денешниот ден е за заедничко сеќавање на сите нив кои придонеле за афирмација на христијанството на овие простори и како што рече на нивната големина и делата кои треба да ги паметиме и слававиме.Извршувајќи дела достојни за светители, тие се издигнаа кон боженствениот живот и Бог ги овенча со вечни венци на славата.