Соопштение
Почитувана јавност,
Примајќи ја грижата на својот верен народ и истакнувајќи ја својата посветеност за мир, соработка и соживот, Н. В. Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, како надлежен владика на Тетовско-гостиварската епархија на Македонската православна црква изразува целосна и безрезервна поддршка на јавниот апел за рамноправен третман на македонските фудбалски клубови „Љуботен“ и „Тетекс“, кои се вистинско и маркантно обележје на македонскиот спорт и долгогодишна спортска традиција.
Митрополитот ги повикува Општина Тетово, властите и одговорните со зголемено внимание да постапуваат во насока на овозможување на соодветен престор за делување и развој на сите луѓе, групи, клубови и организации, без разлика на нивната национална припадност.
Секој човек има права и слободи, а секој заслужува рамноправен третман!
Демократијата не завршува кога ги остварувате Вашите права, а почнува онаму каде започнува Вашиот интерес и за правата на другиот.
Со благослов,
Тетовско-гостиварска епархија на МПЦ-ОА