Среда од Првата седмица во Великиот пост
На 20.03.2024 г. Во Среда од Првата седмица во Великиот пост, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на протоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски и протоереј Александар Јанкоски благоволи да отслужи Света Литургија на Претходноосветените Дарови во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар.
На Божествената Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.