Средба со м-р Мемет Селмани директор на НКЦ на Македонија и м-р Даријан Сотировски директор на КОВРЗГ
На 27.07.2020 Во Лешочкиот манастир митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф оствари средба со м-р Мемет Селмани директор на НУ Национален конзерватроски центар (НКЦ) на Македонија и м-р Даријан Сотировски директор на Комисијата на верски заедници и религиозни групи(КОВРЗГ). Стручната комисија од конзерватори и архитекти при НКЦ ја воведе во работа фирмата- изведувач на градежните активности за црквата прес. Богородица од 14 век.