Средба со студентите и професорите од Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески
30.05.2025 Во Лешочкиот манастир митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф ги прими студентите и професорите од Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Ценетите гости најпрво беа запознаени со богатото културно и духовно значење на Лешочкиот манастир, а митрополитот г. Јосиф говореше за нашиот значаен духовен отец и преродбеник, неодамна канонизираниот светител Св. Кирил Лешочки (Кирил Пејчиновиќ). Професорите и студентите имаа можност да го видат и оригиналот од книгата „Огледало“ од Кирил Пејчиновиќ, кој се чува токму во библиотеката во Лешочкиот манастир.