Св. Атанасиј Велики
31.01.2022 Св.Атанасиј Велики. Во Лешочкиот манастир митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше светата литургија. По литургијата беа благословени кумските лебови. Истиот ден во храмовите во с. Брвеница и с. Седларце посветени на св.Атанасиј митрополитот г.Јосиф ги благослови кумските лебови. Со свое слово се обрати митрополитот кој меѓу другото нагласи: Нашата света Црква, како грижлива мајка, постојано ни изнесува примери на коишто треба да се угледаме. Примери коишто ќе нè водат по вистинскиот пат, за да спечалиме вечност и блаженост во идниот живот. Таков пример имаме и во светиот Атанасиј Велики, чијшто спомен денеска го празнуваме овде во Лешочкиот манастир и во многу други храмови посветени на овој светител во нашата епархија. И денес, ликот на свети Атанасиј претставува силен и страшен прогонувач на сите ереси и заблуди кои се обидуваат да ја нарушат чистотата на Православието. И денес, свети Атанасиј, со истата онаа храброст, која ја поседувал во времето кога живеел на земјата, ни порачува на сите нам: „Не мислете високо за себе, не навлегувајте во оние прашања кои одамна се решени и заклучени; не нарушувајте го мирот на Црквата; не ожалостувајте Го Господа, Кој ќе дојде со гнев и осуда врз сите оние, кои ѝ се противат на светата Вистина.