Св. рамноапостолни цар Кoнстантин и царица Eлeна
03.06.2024 на празникот Св. рамноапостолни цар Кoнстантин и царица Eлeна, кој е и слава на градот Ниш, на покана на надлежниот епископ Нишки г.Арсениј присуствуваше и митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф. Свеченоста започна на 02.06.2024 со Вечерна богослужба на која чиноначалствуваше митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф и свечена литија по улиците на градот Ниш. Митрополитот г.Јосиф во своето обраќање ги пренесе благословите и честитките од Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан по повод славата на градот и заблагодари за прекрасниот пречек и Авраамовото гостопримство на владиката Нишки г.Арсениј.
На 03.06.2024 беше отслужена света литургија во храмот посветен на Св. цар Кoнстантин и царица Eлeна. На литургијата покрај многубројниот верен народ присуствуваа и градоначалникот на градот Ниш, претставници на јавниот и културен живот од градот. На литургијата чиноначалствуваше епископот Нишки г.Арсениј во сослужение на митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, епископот Стобиски г.Јаков, епископот на буеносаирески и јужно-централно амерички и администратор на загрепско љубљанската митрополија г.Кирил, епископот Тимочки г.Иларион, епископот британско-ирски г.Нектариј. Повеќе на сајтот на Нишка епархија.