Св. вмч. Георгиј Победоносец

09.12.2024 На Св. вмч. Георгиј Победоносец, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во манастирот„Св. Георгиј Победоносец“ – с. Туденце-Тетовско ги благослови кумските лебови.Митрополитот г.Јосиф го честита празникот на присутните и кумствата и истакна:На овој ден се празнува осветувањето на црквата
посветена на свети Георгиј Победоносец во Киев.Овој празник е наречен и зимски празник на свети Ѓорѓи.Денеска кога го прославуваме светиот великомаченик Георги Победоносец,и неговиот спомен кој својата вера, својата надеж и својата припадност кон Христа ја запечатил и со сопствената крв, пострадувајќи за светата црква, нè учи како да се угледаме на него и како тој сите овие прописи и закони што ги бара од нас светата православна црква ги исполнувал, живеел и посведочил со својот сопствен живот. Да се обратиме со искрена молитва кон него тој да биде наш молитвеник, за да ни ја закрепи и умножи љубовта кон Господа, но и кон нашите блиски и познати, за да можеме да го сведочиме Христа на секое место каде што се движиме и работиме. По молитвите на свети Георги, Господ нека ни ги услиши молитвите и ни подари сè што е спасоносно за нашите души и вечен живот. Бидете благословени. Честита манастирска слава. Пофалби и благослов и за црковниот одбор, кој со голема љубов се грижи за ова свето место овде во ова живописно место во Туденце.Да се обратиме со искрена молитва кон св. Георгиј, да всади во нашите души барем малку од неговата силна вера, та и ние да можеме да го исповедаме и да посведочиме дека сме негови следбеници, сега и во сета вечност. Амин!