Света архијерејска заупокоена Литургија и 40-дневен помен за Блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј
На 3 јануари 2025 година, кога се навршија 40 дена од упокојувањето на Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид беше отслужена света архијерејска заупокоена Литургија и 40-дневен помен за покој на неговата душа.
На светата Литургија молитвено присуствуваше Архиепископот Охридски и Македонски и на Прва Јустинијана, г.г. Стефан, а служеше викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, во сослужение на повеќемина свештенослужители.
По Литургијата, Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан заедно со Високопреосвештените Митрополити Преспанско-пелагониски г. Петар и Повардарски г. Агатангел отслужи помен на гробот на Митрополитот Тимотеј, во присуство на Митрополитите: Европски г. Пимен, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, и Преосвештените Епископи: Антаниски г. Партениј и Велички г. Никола, клир и верен народ.
Извор: https://www.facebook.com/dke.org.mk/