Светата Божествена Литургија во манастирот Водоча во Струмица
27.11.2022
На празникот на Свети Григориј Палама, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф чиноначалствуваше на Светата Божествена Литургија во манастирот Водоча во Струмица, на која сослужуваа надлежниот митрополитот Струмички г. Наум и викарниот епископ г.Јаков.На литургијата пред верниот народ беа поставени на поклонение за благослов светите мошти на новоканонизираниот светител преп.Кирил Лешочки.Повеќе на сајтот на Струмичка епархија.