Свети Јоаким Осоговски и преподобен Јосиф Спилеот

На 29.08.2019 година, кога Црквата го прославува споменот на свети Јоаким Осоговски и преподобен Јосиф Спилеот, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, во сослужение со митрополитите Тетовско – гостиварски г.Јосиф и Кумановско-осоговски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

За несебичното залагање и афирмација на МПЦ-ОА, Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА го одликуваше г. Страшо Јакимовски, со највисокото одликување во МПЦ-ОА, Орден на свети Климент Охридски од прв ред.

 

Превземено од http://koe.mk/sv-joakim-osogovski-2019/