Свети Јоаким Осоговски – манастирска слава на Осоговскиот манастир
На 29.08.2024 година, кога Православната Црква го празнува споменот на Свети Јоаким Осоговски, во неговиот манастир во Крива Паланка, беше отслужена Света архијерејска литургија.
Литургијата беше возглавена од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение со нивните Високо преосвештенства:
Митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј,
Митрополитот Преспанско-пелагонски и
Администратор Австралиско-новозеландски г.Петар,
Митрополитот Повардарски г.Агатангел,
Митрополитот Брегалнички г.Иларион,
Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф,
Митрополитот Врањски г.Пахомиј, од Српската православна црква,
Митрополитот г.Јосиф,
Епископот Делчевско-каменички г.Марко,
И Епископот Велбуждски г.Исак, викарен епископ на Патријархот на Бугарската православна црква.
По завршувањето на светата литургија беше осветен камен темелникот за изградба на нов конак во манастирот. На чинот присуствуваа: Министерот за култура и туризам г.Зоран Љутков и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г.Цветан Трипуновски во Владата на Република Македонија, пратениците во Собранието на Република Македонија: г.Драган Ковачки, г.Зоран Коцевски и г.Емил Спасовски, и градоначалникот на општина Крива Паланка г.Сашко Митовски.