Св.пророк Илија - Илинден

02.08.2021 Св.пророк Илија - Илинден во храмот Св. Никола-Маврово,надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше света литургија. По литургијата беше отслужен парастос за сите кои се упокоиле за одбрана на нашата вера и татковина Македонија.Митрополитот г. Јосиф изговори пригодна беседа говорејќи за празникот честитајки го големиот национален празник Илинден, а секако и црковниот спомен на Светиот славен Пророк Илија.