„Св.Спиридон Чудотворец“
На 25.12.2024 година, кога црквата го празнува денот посветен на „Св.Спиридон Чудотворец“, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во параклисот „Св. Спиридон Чудотворец“ во с. Старо Село – Тетовско, изврши водосвет и ги благослови кумските лебови.Митрополитот се обрати пред присутните верници и истакна:Ако ги читаме житијата на светителите меѓу кои и на денешниот светител на кој е посветен овој прекрасен параклис на св.Спиридон,овде во ова живописно Стро село-Тетовскo, ќе заклучиме дека светител не е оној кој нема гревови, туку оној кој се покајал и се кае за своите гревови, кој со помош на Божјата благодат се бори со своите гревови и страсти, кој стекнува добродетели (а врв на сѐ е љубовта кон секој човек па дури и кон непријателите), кој се издвојува од луѓето, не затоа што ги мрази, туку за да биде целосно во заедница со Бога, и кој во мир ќе може молитвено да го прегрнува целиот свет. Светител е оној кој е исполнет со благодатта Божја, кој станал сад на Светиот Дух, преку кого говори Самиот Бог, кој неизменливо ја прима и живее и пренесува Православната вера, кој учествува во светотаинскиот живот на Црквата, кој постојано се движи кон бескрајното совршенство.Светителите додека се живи со својот пример се учители за многумина, а по упокојувањето постануваат учители за сите поколенија и со својот пример постојано влијаат на духовната и моралната преобразба кај луѓето во сите времиња.Така било секогаш, така е и во наше време и така ќе биде довека.Така и денешниот ваш молитвен заштитник на ова ваше село, откако Го прослави Бога со многубројни чуда и на многумина им покористи поединечно, а и на целата Божја Црква, се упокои во Господ во 348 година. Неговите чудотворни мошти сега се на островот Крф и ден денес Го прославуваат Бога со многубројни чуда. Имајте благословена и честита слава.Пофалби и благослов и за црковниот одбор, кој со голема љубов се грижи за ова свето место овде во ова живописно село.Нека св.Спиридон се моли и застапува пред Бога за сите нас.Амин