Св.вмч.Марина
30.07.2018 На денот кога православната црква го празнува споменот на Св.вмч.Марина, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во храмот св.вмч.Марина во с.Зубовце-Гостиварско по светата Литургија изврши водосвет и ги благослови кумските лебови.На овој значаен празничен ден кој со многу почит и љубов го празнуваат Гостиварци и жителите од с.Зубовце црковниот одбор и кумовите за сите присутни имаа организирано трпеза на љубовта.Настанот со своето присуство го збогатија и претставници од Собранието на Р.Македонија и директорот на Комисијата за односи со верските заедници г.Даријан Сотировски.Пригодна беседа по повод празникот одржа Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф.Беседата можете да ја прочитате тука....