Третата недела од Великиот пост - Крстопоклона недела

На 27.03.2022 година, во Третата недела од Великиот пост - Крстопоклона недела, во храмот Св. Атанасиј при Лешочкиот манастир, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополтитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф. Пред почетокот на Литургијата, според типикот на православната Црква, беше изнесен светиот Крст, како поткрепа и потсетување на страдањата на нашиот Спасител. На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.