Тринаесетта недела по педесетница
Тринаесетта недела по педесетница - Спомен на чудата на Архангел Михаил, во соборниот храм св.Кирил и Методиј-Тетово надлежниот епархиски архиереј Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше света литургија.Говорејќи за параболата за Лозарите од денешното свето евангелие митрополитот г.Јосиф меѓу другото истакна што значи да бидеме вистински лозари? Тоа значи народот наш да го поучуваме не со зборови, туку со животот и со делата наши. Зашто е речено „Да светнат вашите добри дела и да го прослават Вашиот Отец кој е на Небесата“(Мт. 5, 16), а нам нема да ни биде судено според она што го говориме, туку според делата наши. Сите ние треба да се погрижиме за нашиот народ и ние владиците ,свештениците сме должни, не само да проповедаме како јас денес што ви проповедам, туку со своите постапки и дела тоа што го зборуваме да го потврдиме на дело.