Цветници

13.04.2025 На денот кога го празнуваме споменот на влегувањето на нашиот Спасител Исус Христос во Ерусалим - Цветници, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф на покана на надлежниот митрополитот Брегалнички г. Иларион чиноначалствуваше на света литургија во храмот на свети Архангел Михаил во Виница. Пред започнувањето на Литургијата, според обичајот на светата православна Црква,беа осветени врбовите гранчиња. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Со вдахновена  беседа кон многубројниот народот се обрати митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.Беседата може да ја прочитате тука...