„Успение на Пресвета Богородица“ во Лешочкиот манастир

На 28.08.2018 година, По повод манастирската слава „Успение на Пресвета Богородица“ во Лешочкиот манастир, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија, во сослужение на свештеници од Тетовско-гостиварската епархија. На литургијата Митрополитот г. Јосиф во протопрезвитерски чин го ракопроизведе презвитерот Александар Стојаноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На овој празничен ден со своето милозвучно пеење  литуиргијата ја збогати женскиот хор „Менада“ под раководство на маестро д-р Ивица Зориќ.

На литургијата беседеше Митрополитот г. Јосиф, берседата може во целост да ја прочитате тука....