Утрена богослужба во храмот на Воскресени во Ерусалим
15.04.2023.Со благослов на неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан црковно-државна делегација престојува во Ерусалим. Во вечерните часови, кога го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господа Бога и Спасителот наш Исус Христос, во храмот на Воскресението беше отслужена Утрена богослужба на којашто беа испеани и трите статии со кои го опеваме Христовото опело. На Утрената богослужба чиноначалствуваше Неговата светост патриархот Ерусалимски Теофил со архиереите на Ерусалимската патриаршија.На богослужбата присуствуваше и митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф кој со благослов и одлука на САС на МПЦ-ОА ја предводи црковната делегација.