ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК
На 13.04.2023 година, на ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК, во Соборниот храм ,,Пресвета Богородица" во Гостивар, надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на протоереј Марјанчо Мадевски, ереј Мартин Андоновски и ѓакон Славче Ѓорѓески богослужеше Вечерна со Василиева литургија. По Литургијата беше извршен чинот на Општ маслосвет. На Литургијата Митрополитот г. Јосиф проповедаше за значењето на денешниот ден. Настаните што се случиле на Светиот и Велик Четврток: миењето на нозете на апостолите од страна на Христа, Тајната Вечера, предавството на Јуда и Христовата молитва во Гетсиманија, се најсилен израз, заедно со Крстот на Голгота, на Божјото искупително дело за човекот. Преку овие четири Божествени настани допираме до смирената, пожртвувана љубов на нашиот Господ Исус Христос.