ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК во Соборниот храм прес. Богородица - Гостивар
29.04.2021 ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК во Соборниот храм прес.Богородица - Гостивар надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на протоереј Маријанчо Мадевски,ереј Мартин Андоновски,ереј Илија Сламков и ѓакон Славче Ѓоргески богослужеше Вечерна со Василиева литургија.По литургијата беше извршен чинот на Општ маслосвет.На литургијата митрополитот г.Јосиф проповедаше за значењето на денешниот ден.Настаните што се случиле на Светиот и Велик Четврток: миењето на нозете на Апостолите од страна на Христа, Тајната Вечера, предавството на Јуда и Христовата молитва во Гетсиманија, се најсилен израз, заедно со Крстот на Голгота, на Божјото искупително дело за човекот. Преку овие четири Божествени настани допираме до смирената, пожртвувана, принесена и предадена љубов на нашиот Господ Исус Христос.