Велики Петок
На 03.05.2024 година, на Велики Петок наутро во соборниот храм св.Кирил и Методиј-Тетово, беа отслужени царските часови и Вечерна богослужба. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф.На Вечерната богослужба, според црковниот типик, се изнесе и светата плаштаница, со која се симболизира положувањето на Спасителот Христос во гробот. Христе Боже, Кој претрпе смрт и крст, и отиде на доброволно погребение, помилу нè и спаси нè. Амин!