ВО ХРАМОТ „РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ПРИСТИГНА ПРЕКРАСЕН ПРЕПИС НА ПОЗНАТАТА ИКОНА „ТРОЕРУЧИЦА“

На 20.9.2024 година, во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во храмот посветен на овој велик празник пристигна прекрасен препис на познатата икона „Троеручица“. Иконата од Света Гора ја донесоа проигуменот на свештената хиландарска обител, Архимандритот Методиј, во придружба на уште неколкумина хиландарски монаси, свештеномонаси од Скопската епархија и претставници на семејството Андревски – дарителите на оваа прекрасна икона и покровителите на нејзиното доаѓање во Скопје. 

Иконата беше пречекана од Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитите Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков. По внесувањето на иконата во храмот „Рождеството на Пресвета Богородица“, беше отслужена Празнична вечерна богослужба на којашто со благослов и во молитвено присуство на Неговото Блаженство, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Иларион.На Вечерната беше извршена и голема Литија околу центарот на Скопје, на којашто учество зеде многуброен верен народ.

По Молитвениот собир, Архиепископот одржа беседа, а потем, во благодарност за донесената икона, Архиепископот му подари на, Неговото сепреподобие, архимандритот Методиј граден крст, а на семејството Андревски му го додели Архиепископското одличие „Архиепископ Доситеј“.
 

Повеќе на Скопска епархија