Во посета на градоначалникот на Општина Јегуновце г-дин Димитар Костадиноски
На ден 09. 02. 2023 година, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф оствари средба со градоначалникот на Општина Јегуновце г-дин Димитар Костадиноски.
Во оваа прилика Митрополитот г.Јосиф заблагодари на Градоначалникот и на Советот на Општина Јегуновце за нивната одговорна и ажурна работа во врска со предметите кои се однесуваат на црквите и манастирите на МПЦ-ОА Тетовско-гостиварска епархија, а кои се во надлежност на Општина Јегуновце. Митрополитот го охрабри колективот на вработените при општината да продолжат непоштедно да работат секој во својот домен, во интерес на сите граѓани кои својот дом го имаат во оваа убава општина.