ВОДОКРСТ
18.01.2023 ВОДОКРСТ ,Во храмот Пресвета Богородица -Тетово,митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше Царски часови, Вечерна со Василиева литургија на која сослужуваа протоереј-ставрофор Томислав Јосифовски,протоереј-ставрофор Мирко Станковски, протоереј Предраг Исаевски,ереј Илија Сламков,ереј Велјанчо Огненовски.Верниот народ се причести со светите тајни.По светата литургија се изврши и голем Богојавленски водосвет.Во својата беседа митрополитот г.Јосиф меѓудругото истакна:Дојде и денот кога се осветуваат водите. И ние дојдовме во светиот храм посветен на Богомајката, на Пресветата Богородица – овде во Тетово да присуствуваме на богослужението, на Царските часови и на Светата Василиева Литургија и секако на чинот на Големото осветување на водата.Денешниот празник во народот е познат како Водокрштение, Водокрст или Водопост. Водокрст доаѓа од крштевањето, односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за пост. Овој празникот е востановен во спомен на кршетението на луѓето кои го примиле христијанството.Богојавленската вода – е светиња, која треба да ја има секое православно семејство. Таа грижливо треба да се чува покрај домашните икони.Светата богојавленска вода се употребува нагладно, заедно со парче антидор (нафора) после утринското молитвено правило, со посебна почит како кон голема светиња. „Кога човек употребува антидор (нафора) и света вода, – говори св.Георгиј Задонски, – тогаш кон него не може да се доближи нечистиот дух, а душата и телото се осветуваат, мислите се просветлуваат, за да му угодуваат на Бога, и човекот добива благодат да пости и да се моли и да прави секакво добро дело“.Кога би го знаеле дарот на осветената вода, не верувам дека некој од човечкиот род не би пристапил денес во светиот храм, кон светиот купел, кон изворот на водата, онака „како што кошутата жеднее по водни извори“ (сп. Псалм 41,1). И како Самарјанката да Му се обратиме на Бога: „Дај Ми да пијам“ и да пиеме од Неговата „жива вода“, која денес за нас се осветува, бидејќи секој, кој пие од таа вода - нема никогаш да ожедни. Таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен“ (сп. Јован 4, 10; 13-14). Амин.
Нека е за многу години овој празник!