ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРИДИЦА

04.12.2021 НА ПРАЗНИКОТ ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРИДИЦА ,Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше света литургија во храмот Пресвета Богородица-Тетово.Верниот народ се причести со светите тајни.По литургијата беа благословени кумските лебови.Во својата беседа митрополитот г.Јосиф меѓу другото нагласи:Наша должност е да се трудиме да ги исполнуваме нашите должности кон Пресвета Богородица, која постојано со Својата милост нè штити и која е наш застапник пред Божјиот престол. Нејзиното име постојано нека е врежано длабоко во нашите срца. Името на Божјата Мајка никогаш да не исчезнува од нашите усти. Ако сакаме и светата Мајка Божја, како најсилна застапничка и молитвеница да ни помага и да содејствува во нашиот од кон Бога и кон тоа заедничарење со Бога, треба да се потрудиме во нашиот живот да оттргнеме сè што е ниско, страсно, нечесно, несправедливо, лошо, и да го замениме со добро, возвишено, чесно и справедливо.