Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста
04.12.2024 На празникот Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста, во Соборниот храм ,,Успение на Пресвета Богородица"-Гостивар, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше на светата литургија во сослужение на митрополитот Повардарски г. Агатангел и надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф. На Литургијата присуствуваа голем број верници, кои се поклонија пред иконата на Богородица и молитвено го побараа нејзиното застапништво пред Бога. На Божествената Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беа благословени славските лебови.