Воздвижение на св. Крст – Крстовден

На 27. 09. 2021година на Празникот Воздвижение на св. Крст – Крстовден, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво, откако го изнесоа и Му се поклони на Светиот Крст, отслужи света архиерејска литургија во Лешочкот манастир.
На крајот од светата литургија, Митрополитот г. Јосиф произнесе пригодна беседа кон присутните верници за силата и дејството на животворниот Крст, како наше силно оружие против секакво зло.Ние христијаните, се поклонуваме на Крстот Господов и Неговото свето Воскресение го славиме. Бидејќи, без Крстот, на кој уследила и смртта на Спасителот, нема ниту воскресение. Ние знаеме дека воскресението е темел врз кој е создадена Црквата, сè  поради нашето спасение. Св. ап. Павле, во посланието до Коринтјаните, многу јасно вели: „Ако, пак, Христос не воскреснал тогаш празна е нашата проповед, празна е и вашата вера“ (1. Кор. 15, 14).