Вторник од Првата недела од Великиот пост
На 08.03.2022г. Вторник од Првата недела од Великиот пост, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на протоереј Трпе Богоевски и ѓакон Славчо Ѓоргески отслужи Големо повечерие со Покајниот канон на свети Андреј Критски, во храмот Св.Никола-Маврово.
Значењето на овој канон е повикот за покајание, повикот за промена на начинот на нашиот живот, според учењата на Спасителот Христос. Канонот се нарекува Голем, бидејќи во него има околу 250 тропари. Содржината на тие тропари нè упатува на Светото Писмо. Во канонот се опишани голем број на настани од Свештената историја. Преку примерот на библиските настани, се покажува дека Бог им простува на луѓето, дури и покрај големите падови, потсетувајќи не дека покајанието е промена во начинот на живот, односно радикална промена во животот.