На 06.12.2025 година, прославa на патрониот празник на Македонската Православна Богословија „Свети Климент Охридски“. Празнувањето започна со Архијерејска вечерна богослужба во параклисот при Богословијата, на која што чиноначалствуваше Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, а на истата молитвено присуство зедоа Неговото Блаженство Ахриепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, ректорот на Богословијата – Митрополитот Повардарски г. Агатангел, како и Митрополитите Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
По Вечерната богослужба, во Богословијата се одржа и свечена академија која започна со благословување и прекршување на празничниот леб од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион. За крај, поздравен говор одржа и ректорот на Македонската Православна Богословија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
Повеќе на страната на www.mpb.mk