Прв Акатист на Пресвета Богородица
27.02.2026 Во соборниот храм,,Свети Кирил и Методиј"- Тетово, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф со свештенството од тетовското архиерејско намесништво, во првиот петок од Великиот пост богослужеше Повечерие и прв Акатист на Пресвета Богородица. Кон верниот народ кој присуствуваше на Акатистот митрополитот се обрати со пригодна беседа говорејќи за потребата,значењето и суштината на Акатистот кој го богослужиме токму во Петоците од Велигденскиот пост и е посебна молитвена служба посветена на Пресвета Богородица.
